Петар Печков
Објавено: среда, 30 октомври 2013
Петок, сабота и недела Велес ќе мириса на пита пастрамалија. Во овој термин ќе се одржи најстарата ваква манифестација во земјава, традиционалната ,,Велешка питијдада,,. Се е подготвено за голема забава и дружење, но и храна за гастрономите. Се очекува голем број гости и од останатите градови од земјава.
За добра забава, ТРМР прв ја објави листата на гости, познато е дека ќе настапуваат Миле Кузмановски петок од 18 часот и Црвена Јабука сабота од 21 часот. Меѓу изведувачите најавен е и Бени Шаќири, групата Гердан од Битола. Но на сцената ќе има место и за други бројни велешки музичари. Извесно е дека ќе настапат и играорците на Керамичар и Коле Неделковски.
Местото на одржување е исто како и лани, на улицата Благој Ѓорев, во делот спроти Гимназијата. Новина е што сцената ќе биде поставена кај Панини. Цената на питата е препорачана од организторот Општина Велес, останува како и минатите години 120 денари а чаша вино 30 денари. Има пријавено 20 штандови за произведувачи на пити и пет на винарии.
ТРМР неофицијалано дознава дека еден велешки производител подготвува рекордно голема пита од два и кусур метри долга и 50 см широка, или далеку поголема од таа што неодмна беше промовирана во Штип. Гостите од страна своите автомобили ќе можат да ги паркираат на паркингот и спротските игралишта од Гимназијата и на паркиног кај ЕВН-ЕСМ.
Tweet |