Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 септември 2018
Општина Велес на нејзината веб страница информираше дека годинава Питијадата или „Фестивал на велешка пита и вино 2018“ ќе се одржи на 19-ти, 20-ти и 21 октомври. И тоа на ул. „8-ми Септември“ од Сарамале до кружниот тек. На оваа локација се одржуваше до 2012-та. Програмата не е објавена но се најавува богата културно-уметничка и забавна програма.
Од локалната власт велат дека „Фестивал на велешка пита и вино 2018,, е манифестација каде се презентира питата пастрмајлија и виното а производителите на пекарски и алкохолни пијалаци односно угостителите и винариите ќе имаат можност да го промовираат сопственото производство.
Цел на манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција на питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехранбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од Вардарски плански регион и Македонија, како и здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, кои ќе бидат поканети да го посетат настанот - информираат од Општина Велес.
Тие ги повикаа велешките угостители, винарии, правни лица и регистрирани индивидуални пекарски производители, да се пријават за учество.
Tweet |