речник контакт

Пијан велешанец рано утрово на Рамина предизвикал инцидент

Лицето го нарушил редот и мирот но и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои дошле на интервенција

Петар Печков

Денес вторник рано наутро, велешанец  предизвикал неред во месноста Рамина кога галамел и не ги почитувал полицајците кои дошле  на местото од инцидентот. Подоцна било констатирано дека бил пијан со високо присуство на алкохол во крвта. 

„На 7 јули во 04:00 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа С.Д.(51 год) од Велес, затоа што на улица „Јордан Џурнов“ во Велес, го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и не ги почитувал наредбите на полициските службеници кои вршеле службени дејствија“ – кажа Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол  на СВР Велес. 

При преземени мерки било констатирано дека тој бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,38 промили алкохол во крвта. С.Д. бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »