Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 април 2026
Неделата пред полноќ гостин во угостителски локал предивикал неред, кршел и викал, па морала да интервенира полицијата. Деталите од информацијата на велешката полиција.
„На 5 април во 23:10 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го приведоа Д.Т.(36) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во угостителски објект во Велес, го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување и кршел предмети. По преземени мерки било констатирано дека Д.Т. бил по дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта“ - информира Ана Милевска Ѓеоргиева, портпарол на СВР Велес.
фото интернет
Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него полицијата ќе поднесе соодветна пријава.
| Tweet |




