Петар Печков
Објавено: петок, 25 јануари 2013
Во четвртокот вечерта драма се случувала по велешките улици откако сообраќајната полиција се обидела да сопре возач кој возел лудо во населба Тунел. Настанот се случил околу 23 часот а возачот бил сопрен кај Бензинската ,,Башино петрол,, по неколку минутна бркотница, при што било оштетено и новото полициско возило ,,шкода јети,,.
Според СВР Велес возачот Б.Х. ( 49 год) од населба Горно оризари возел по левата страна од коловозот, по што нивна патрола со вклучени сигнални ротациони светла се обидела да го сопре, но тој напротив само забрзувал и бегал. Полицајците успеале некако да го претекнат и да го сопрат при што возачот кој управувал поло, удрил во новиот полициски автомобил. Начинета е мала материјална штета на возилото, велат од велешката полиција.
По извршената контрола над возачот Б.Х. утврдено е дека тој возел во видно алкохолизирана состојба со 2,3 промили алкохол во крвта, возел не регистриран автомобили, имал забрана за возење поради сообраќаен прекршок за што ќе му бидат поднесени прекршочни пријави. Плус уште една за бегство и непочитување на сообраќајната полиција.
Tweet |