речник контакт

Пијан чашкарец, гризнал и тепал полицајци

В.Б. (55 год) од населбата Чашка за еден час нападнал тројца полицајци

Петар Печков

 В.Б. ( 55 год)  од населбата Чашка за еден час нападнал тројца полицајци, при што  еден гризнал а други двајца  ги удрил.   Според велешката полиција сторителот бил во алкохолизирана состојба а инцидентот започнал понеделник 2 часот по полноќ во кафеаната  ,,Дац,,  во Чашка.., . Полицајците дошле по пријава за нарушување на јавниот ред и мир, предизвикано од лицето В.Б.(55).

Кога полицајците се обиделе да го легитимираат, гостинот  физички го нападнал едниот полициски службеник удирајќи го со двете раце во пределот на градите, а другиот полициски службеник го каснал со забите во пределот на левата рака.  По ова В.Б. бил приведен и во полициска станица,  каде  повторно физички нападнал полициски службеник удирајќи го со глава во пределот на градите.  

Од МВР најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на инцидентот  против В.Б. ќе биде поднесена соодветна пријава.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »