Петар Печков
Објавено: среда, 29 јуни 2022
Денешното пладневно патување со возот за Скопје, ги надмина сите граници на толеранција и оправдување. Вакви се реакциите на патниците кои денес ја користеа услугата на МЖ со пладневниот воз од Велес за Скопје, кој по ред на возење тргнува во 12,10ч.
„ Тргнавме навреме, возот беше со електрична локомотива. Едвај некако стаса до Рајко и таму бевме од 13 до 15ч. кога дојде друга локомотива и не превезе до Скопје. Таму стигнавме во 16ч. На 35 степени во сенка да се чека на отворена пруга, во станица која нема ни вода е пекол и катастрофа“ - велат патниците.
Повеќето од нив биле вработени и студенти.
Tweet |