Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 јуни 2017
Триесетина членови на Планинарскиот клуб Ендорфин од Кичево и Планинарскиот клуб Трансверзалец од Скопје, вчера, недела му оддадоа почит на поетот Кочо Рацин.
Тие пеш неколку часови се искачуваа до врвот каде се наоѓа споменикот на Кочо, како и на местото на погибјето, скриено во планинските пазуви.
Меѓу учесниците била планинари од Скопје, Кичево и Битола.
Жителите од овој крај имаат посебна почит кон Коста Солев и без оглед на времето, секогаш доаѓаат да го посетат местото каде е застрелан и паметникот од кој пука прекрасен преглед кон Копачијата.
На 13-ти јуни, денот кога е убиен Кочо, делегација од Општина Велес ќе го посети Лопушник.
фото: Калина
Tweet |