речник контакт

Планинарите во чест на Февруарскиот поход (фото)

Четириесетина планинари пеш одеа од Богомила до Ореов дол

Петар Печков

На 23 и 24.02.2013година се одржа по втор пат традиционалниот Богомилски поход кој го организираше планинарското друштво Гемиџии од Велес. На походот земаа учество 40 планинари од П.Д. Гемиџии од Велес,П.Д. Китка од Скопје,членови на навивачката група Гемиџии од Велес,како и други љубители на планината.

Почетокот на походот беше во  саботата во  10 часот од Богомила ж. Од  таму групата преку преслапот наречен Гавран, се спушти  во Мокрени каде беа пречекани  од  членови на ПД Металург кои за добредојде  понудија  топол чај. По кратката пауза заедно со учесниците и членовите на Металург  Богомилскиот поход  продолжи.  Пауза е направена пред споменикот од Февруарскиот поход каде е оддадена чест на паднатите борци.

Потоа колоната  продолжи до крајната цел,а тоа беше село Ореов Дол каде учесниците ги пречекаа во планинарскиот дом каде имаше организиран ручек планинарско гравче. Походот беше прогласен за успешен од страна на претседателот на планинарското друштво Гемиџии Драган Адамчевски . Организаторот  се надева дека овој поход ќе стане традиционален и од година во година ќе добие се поголема масовност.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »