Петар Печков
Објавено: вторник, 05 март 2019
Викендов, традиционално по осми пат, се одржа планинарскиот марш „Февруарски поход 2019“. Релацијата беше село Гостиражни-село Папрадиште. Повеќе од 40 планинари тргнаа од железничката станица од Гостиражни и стасаа во Папрадиште.
Попатно колоната направи одмор на превојот меѓу Папрадиште и Богомила. На маршот учествуваа планинари од Велес, Скопје, Битола, членови на планинарските друштва „Грин пауер“, „Китка“, „Металург“, ученици, пензионери, кои сите заедно препешачија околу дваесет километри.
Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата, одвикнување од лошите пороци на денешницата и продолжување на традицијата - вели Зоран Игновски престедател на СПД ,,Зелен рај,, организатор на Февруарскиот поход.
Маршот беше одржан во организација на СПД „Зелен рај“ и нивните пријатели од ЕГ „Грин пауер“ кои несебично помогнале за успешноста и реализацијата на истиот а е подржан од Општина Чашка.
Tweet |