Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 јуни 2022
Шеесетина планинари од Велес, Скопје, Куманово, Кичево, Прилеп со марш од кичевското село Извор до планината Лопушник, местото каде е застрелан Рацин му оддадоа почин на поетот и револуционер Коста Солев, кој е убиен на денешен ден 13 јуни 1943-та година. Планинарскиот марш беше изведен од селото Извор до врвот Стог на планината Лопушник.
„Учесниците на маршот од село Извор тргнаа во 7 часот изутрината за по 4 часа пешачење да пристигнат на предвидената цел. Од страна на Игор Смилев беше прочитана и творба на велешкиот новинар и почитувач на Рацин, Александар Кукулев“ – кажа Даниела Јовановиќ од еколошкото друштво „Грин Пауер“ од Велес, организатор на маршот. Тој е дел од содржините на 59-тите Рациновите средби.
Од Велес вчера утро, недела од пред споменикот на Рацин во центарот на Велес, тргнаа 30-тина лица, учесници на планинарскиот марш.
Tweet |