Петар Печков
Објавено: четврток, 19 мај 2011
Планинарскиот дом ,,Папрадиште,, доби донација од Амбасадорот на Малта во Скопје Мартин Јасбек и од Хотелот,,Континентал. Таа се состои кревети, маси, ќебиња, столици, огледала, теписони и фотелји, вредна стотина илјади денари. Со оваа опрема уредени се две соби, со што гостите ќе имаат подобри услови за ноќевање и престој.
Домот кој се наоѓа во селото Папрадиште на илјада метри надморска височина, има капацитет од 30-тина легла и оваа пролет е постојано полн со гости. Цената е 200 денари за првата ноќ, додека потоа е по 150 денари. Тој е сместен во близината на Солунска Глава, располага со санитарен јазол и купатило.
Tweet |