Петар Печков
Објавено: петок, 01 април 2016
Вторник попладне во Велес, ќе бидат прикажана неколку дела од минатогодишниот Планински Филмски Фестивал „ Ехо“ кој есеноска се одржа во Скопје.
Почетокот е во 18 ч. влезот е слободен а филмовите ќе се прикажуваат во салата на велешки театар ,,Јордан Хаџи Констатнинов Џинот,,.
На програмата се двата македонски документарни филмови „Слобода на две тркала“ на Слободан Трајковски и Игор Д. Јовановски во должина од 18 минути и „Првата Македонска Трансверзала“ од Горан Вучиќ/Кирил Шентевски во траење од 38 минути. Ќе бидат прикажани и документарци од странска продукција.
Tweet |