речник контакт

Планот за крводарување во Велешко лани натфрлен за 209,6 отсто

Велешани уште еднаш покажаа дека се големи хуманисти

Петар Печков



Општинскиот Црвен крст во Велес соопшти дека во изминатата година во градот и околината биле собрани  3.901 единица крв со што годишниот план од 1.861 единица бил натфрлен  за 209,6 отсто. Со тоа Велес е четврта општина во Македонија  по бројот  на крводарувања.

Лани биле собрани 412 единици повеќе  од 2009 година што укажува дека бројот на крводарители е во пораст.

Црвен крст Велес заедно со Одделението за трансфузиологија од Општата болница во Велес во 2010 организирале 30 акции за доброволно дарување крв, на кои биле собрани 1.512  единици. Преостанатите 2.389 единици од вкупниот број во Велешко минатата година биле собрани  во Одделението за трансфузиологија.

Според евиденцијата на Црвениот крст Велес, од вкупно 1.950 крводарители во 2010-та,  732 биле жени, т.е. 167 повеќе од претходната година.

Првпат дарувале  крв 567  лица, односно 107 повеќе од 2009-та. Најголем дел од новите крводарители биле средношколци и студенти.Минатата година во велес на 24 август се одржа најмасовната крводарителска акција во земајва, кога беа собрани рекордни 382 единици. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »