речник контакт

Платениот паркинг се враќа во Велес, започна постапката за негово активирање

Во градот има 963 паркинг места, со 100-те од подземната гаража. Останува можноста за приватен платен паркинг

Петар Печков

Започна постапката за враќање на платениот паркинг во Велес, која ќе се случува етапно. На денешната седница на Советот беше усвоена точката за јавните паркиралишта од значење за Општина Велес.

„Со носење на оваа одлуна не значи автоматски дека од утре започнува платениот паркинг во Велес. Тоа е чекор во подготовка на воведување на платен паркинг во иднина“ – кажа Панче Јанев  секретар на Општина Велес.
 
На оваа одлука реагираше советничката Анета Стаиќ од Левица, која ја поздрави но имала одредени недостатоци.

 „Се остава многу простор за носење одлуки на ЈП парк спорт и паркинзи. УО сам ги донесува правилниците за  управување и користење на паркинзите, за цените,   а не Советот.  Таков случај беше во Општина Центар Скопје. Во пракса УО сам ќе одлучува за резидентно паркирање, која е потребната документација, блокирање на возила, паркинзи за лица со попречености“ – кажа Стаиќ.

Одговорот беше дека сите правилници  изработени од УО на ЈП ќе бидат доставени до Советот  и тој ќе донесе одлука за нивна важност и  ги усвојува.   

Со оваа Одлука се уредуваат јавните паркиралишта од значење за Општина Велес на кои се организира паркирање со наплата, нивната поделба во зони и подзони, управувањето и користењето, условите за започнување со наплата, правата и обврските на управувачот и корисниците, начинот на плаќање, паркинг дозволите, контролата, водењето на Регистарот и Картата на јавните паркиралишта со наплата.

Јавните паркиралишта со наплата се организираат во три зони А, Б и Ц. Според изготвениот регистар во Велес има во  зона А -173 паркинг места, во зона Б- 581 паркинг место и во Зона Ц - 209 паркинг места.  Вкупно во градот се   963 паркинг места.

Со оваа одлука останвуа можноста за приватен паркинг како и во првичната од 2018 година, за површина и објект во приватна сопственост кој се користи за давање услуги за паркирање на неопределен број корисници со наплата.

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »