Петар Печков
Објавено: среда, 21 ноември 2018
Во средината на октомври месец завршила дистрибуцијата на огревно дрво за граѓаните кои претходно го платиле. Моментно се врши дневна сеча која веднаш и се продава, ако има заинтересирани. Ова го кажа директорката на Шумско стопанство Бабуна Љубенка Попова.
Граѓаните кои има уплатено огревно дрво одамна ги добија платените количини. Тоа го завршиме пред еден месец, во средината на октомври. Имаме тековна продажба, ако стигнат 10 20 30 просторни метри дрво истите ги продаваме. Аванси на земаме, оти секачите може секој момент да се симнат во градот, зависи од времето. Залихи немаме, тоа што се сече веднаш се носи и продава - изјави Попова.
Tweet |