речник контакт

Плочите пак се враќаат на грамофоните

Во Велика Британија продажбата на плочи значително се зголеми годинава.Елтон Џон и Дејвид Боуви се уште издаваат албуми на плочи

Петар Печков

Во последните 20 години плочите можеа да се најдат главно во домови на загрижени љубители на музиката. Со појавата на ЦеДе-а многумина се исплашија дека тие целосно ќе исчезнат од употреба, меѓутоа како што јавува агенцијата Ројтерс, плочите неодамна доживеаја враќање на сцената.
Преживеаја касетите, па дури и ЦеДе-ата.

Плочите се уште се продаваат во големи количнини – поточно оваа година им е најдобра во последните неколку децении. Продажбата во Велика Британија оваа година двојно е зголемена и изнесува 550.000, со некои проценки дека до Божик може да достигне и 700.000 примероци.

Боб Бејли работи во фабрика за винил, која порано била во сопственост на издавачката куќа ЕМИ. Денес,  тоа е еден од само неколкуте производители на плочи во Велика Британија.

Пред 20 години ми рекоа да почнам да барам друга работа, бидејќи плочите ќе исчезнат со појавата на ЦеДеата. Но, се уште сум вработен во производство на плочи. Имаме тентативен план да работиме уште барем 15 години, но според мое мислење тоа ќе трае уште многу години – вели Бејли.

Неодамнешното истражување на организацијата БПИ која ги претставува британските музички издавачки куќи, покажа дека најбројни купувачи на плочи се постари од 30 години. Благодарение на бранот инди рок бендови како британскиот Арктик Манкис Монкеѕс и американскиот Д Килерс, новата генерација фанови покрена враќање на плочите на пазарот.

Поради нив плочите повторно станаа кул и издавачките куќи сфатија дека тоа би била добра идеја да издадат некои синглови на плочи. Тоа всушност беше вид на промоција, но факт е дека фановите масовно ги купуваат, а на бендовите тоа им се допадна. Тоа внесе живот во нешто што беше на раб на исчезнување – вели Џенаро Касталдо, директор за комуникации во БПИ.

На врвот на славата, ЕМИ постојано во погонот имаше околу 100 машини за правење на плочи. Фабриката за винил денес работи со само 6 машини.

Правиме сетови со висок квалитет. Исто така издаваме многу каталози. Потоа класика, на пример Битлси се секогаш тука. Синиот, црвениот и белиот албум, - вели Бејли.
Пазарот на плочи се уште е наменет на специфична група на муштерии, а продажбата не е ни приближна на Цедеата. Сепак, изгледа дека старите технологии можат да работат рамо до рамо со новата. Покрај некои ЛП изданија сега добивате и бесплатно симнување на музика.

Често со плоча добивате дигитална шифра за истата таа музика, така го добивате најдоброто од двата света – вели Касталдо.

Елтон Џон и Дејвид Боуви се уште издаваат албуми на плочи и тоа не само поради носталгија. Продажбата на албуми на плочи во Велика Британија моментално изнесува 0,8 отсто од вкупниот музички пазар – за разлика од пред шест години кога изнесуваше 0,1 отсто.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »