речник контакт

Плукаат по улица ама не плаќаат казни

За шест месеци откриени двајца пушачи во затворен простор - угостителски објект

Петар Печков

Во првите шест месеци од годинава 35 велешани биле фатени на дело, како го прекршуваат Законот за јавна чистота. Ова е подат6ок од полугодишнито извештај на СВР Велес.

Сторителите или плукале по улица, јаделе семки,  или го секнеле носот. Иако бројката на вакви лица е далеку поголема, за што сме сведоци сите, полицијата фатила на дело 35.

Однив осуммина извршиле порамнување, глобата ја замениле со извршување на општо корисна работа во ЈКП Дервен. Но останатите 26 не ја платиле глобата.  

Против нив СВР преку Министерството за транспорт и врски   повеле прекршочна постапка, која завршува пред Основен суд Велес. 

Според истиот извештај, во ова полугодие,  на дело се фатени две лица како пушат во затворен простор.  Од СВР Велес информираат дека при контроли на угостителски објекти, констатирани се два прекршока    и поднесени исто толку барања за прекршочна пријава. 

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »