речник контакт

По 10 пат се одржа „Парадата на мирот“ (фото)

Организирана е од Првата детска амбасада Меѓаши“ и Гимназијата „Кочо Рацин“

Петар Печков

Под мотото „Акции за мир: Нашите амбиција  за глобални цели“ во Велес се одржа „Парадата на мирот“ во организација на „Првата детска амбасада Меѓаши“ и Гимназијата „Кочо Рацин“. Таа годинава беше 10 по ред.  Во Велес учествуваа неколку стотина гимназијалци со пароли кои повикуваат на мир, толку потребен на младите за нивен развој и живот.

„Учениците, професорите, сите на свои начин ја организираме и одржуваме оваа парада. Целта ни е да јa запознаеме јавноста од потребата за мир, и во светот и кај секој од нас, во срцата во душите“ - кажа професорката Магдалена Сарагинова.   

Најстарата гимназија во Македонија, велешката, е единствена во земјава која  ги има организирани сите десет досегашни „Паради на мирот“. Тие се движеа по улиците Благој Ѓорев и Алексо Демниевски Бауман, па низ Младински парк и назад во Гимназија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »