Петар Печков
Објавено: недела, 14 мај 2017
По 11 –ти пат децата од велешките основни училишта но и гости, трчаа на Градски во рамките на традиционалната манифестација ,,Да трчаме здраво е,,.
Таа е во организација на Друштвото на родители за грижа за дрво поколение од Велес, подржана од Локалниот совет за детско престапништво. Годинава имаше гости, деца основци од Неготино и Кавадарци
Целта на оваа традиционална манифестација е еден часа децата да излезат од дома,да се дружат, да не седат пред компјутерите, да имаат физичка активност, да се дружат до други деца од други школи, градови – рече Иванка Андова претседател на ДРГЗП.
По трчањето на 400 м. еден круг од патеката , децата учесници во Градскиот парк имаа спортска работилница за детски игри кои се подзаборавени. Ги учеа и се натпреваруваа ви во нив.
Tweet |