Петар Печков
Објавено: понеделник, 20 јуни 2022
Вчера, недела се одржа првата еднуро трка од државниот шампионат во ендуро за 2022 година. Се возеше на патеката близу езеро Младост а организатор беше Мото клуб Мото Велес. Учествуваа 30-тина мотористи од 10 клубови.
видео од настанот
Во класата Е-1 имаше најмногу учесници 12 а победник е Андреја Краљевски од Сторм рајдерс од Куманово, пред Самет Имери од Мото Велес и трет беше Иван Чековски од Мотокрос клуб Гевгелија.
видео од трката
Во Е-2, каде возеа шест учесници, победи Давид Ристов од Мото Велес пред клупскиот колега Дарко Дејановски.
видео од трката
Во класата Е-3 победник е Петрит Лушаку од Мото Велес а трет е Александар Давчевски од Ендуро клуб Велес.
За прв пат возеа и јуниори до 23 години возраст, каде второ пласиран и трето пласиран се членовите на Мото Велес Матеј Величковски и Елфати Емруловски.
Ова е 12-та година по ред како се одржува Ендуро трка, организација на Мото клуб Мото Велес.
Класи за натпревар беа Е1, Е2, Е3 и за прв пат се воведе класа Е јуниор до 23 години.
Tweet |