Петар Печков
Објавено: среда, 06 март 2024
Во чест на 80 годишнината од Февруарскиот поход и годинава како и години наназад, се одржа манифестацијата „По врвиците на легендарниот Февруарски поход 1944 и2024 година“.
Организатор беше СПД „Зелен рај“ од Велес, помогнат од Општина Чашка. Учествуваа околу 600 учесници од повеќе градови на Македонија.
„Се одржа по тринаесетти пат, на автентичната патека, маршот започна од пред пензионерскиот дом во Богомила и се пешачеше до превојот Стојкова ливада, под врвот Биса и назад до пензионерски дом во Богомила. Го организираме за да ги зачуваме вредностите на автентичниот Февруарски поход и НОБ“- кажа Зоран Игновски претседател на СПД Зелен рај.
Должина на патеката во двете насоки била 15 км по средно тешка патека, висинска разлика 550 метри, а учесниците се движеа околу пет часа на моменти и по дождливо време.
Tweet |