Петар Печков
Објавено: петок, 29 јануари 2021
По 14 ново заазени и оздравени од ковид-19 во велешко, регистрираше Министерството за здравство денес петок. Со ова бројката на активни случаи се 260 а досега се имаат заразено 3.083 лица.
Досега во велешко има 102 починати од последици на корона вирусот.
Во велешка Болница се хоспитализирани 22 пациенти, од кои 20 се потврдено позитивни, еден е сомнителен и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување. На Инфективно одделение се 19 а на Интерно тројца пациенти. На кислородна поддршка се седум пациенти.
Tweet |