Петар Печков
Објавено: петок, 19 ноември 2021
Изминатите 24 часа во велешко има 15 нови случи на лица позитивни на ковид-19 и исто толку оздравени пациенти. Со ова бројот на активни случаи остана на 369 лица, објавија од Министерството за здравство.
Има и почината пациентка на 59 годишна возраст од Велес, со повеќе коморбидитети, која се лекувала во велешка Болница. Таа е 248 жртва во велешко на корона вирусот.
Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано петмина пациенти повеќе од вчера, 49 пациенти. Од нив 38 е позитивни потврдени со ПЦР тест, еден е непотврден и 10 негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Нема испишани како оздравени, има примено осум пациенти, четворица се на Инфективно одделение и исто толку во Модуларната Болница. На континуирана кислородна поддршка се 15 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение се 20 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има шестмина и во Модуларната Болница има 23 пациент.
Tweet |