речник контакт

По 15 пат се одржа годишната Велешка поетска вечер (фото)

Се додели признанието за најплоден автор, од осамостојувањето на Македонија до денес, на Вера Благојевиќ Самаријанин, која досега изададе 121 наслов

Петар Печков

Во паркот Каршијака, попладнево се одржа традиционалната годишина Велешка поетска вечер. На неа учество земаа роднокрајни автори од Велес, од Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, гости  поети, автори,  од други градови.  

„Среќни сме  што и покрај лошите временски услови, вруќината, дојдоа бројни гости од други градови, автори, поети. Госите од Скопје и ние домаќините читавме поезија пред споменикот на Рацин, во дворот на Гимназијата и положивме цвеќе, а тука во овој парк тоа го чинат другите автори, наши гости.  Се додели признанието за најплоден автор, од осамостојувањето на Македонија до денес, на Вера Благојевиќ Самаријанин, која досега изададе 121 наслов и уживавме во музиката на Драган Мијалковски“ – кажа Лила Арсова, претседател на

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин.
традиционалната годишина Велешка поетска вечер годианва се одржа по 15 пат. Таа е дел од содржините на манифестациатја „Велешко културно лето“, кое го организира Општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »