Петар Печков
Објавено: среда, 14 септември 2016
Од сабота 17-ти до понеделник 26-ти септември, ќе бидат прикажани девет претстави, кои ја сочинуваат програмата од Фестивалот на Античка драма ,,Стоби,,.
Тој годинава се одржува по 15-ти пат, и втор пат по ред во зградат ана велешки театар. Причина што и годинава се отсуства од автентичниот амбиент на локалитетот ,,Стоби,, е што таму на театарот се изведуваа реконструкција и реставрација.
Годинава нудиме најобемна програма до сега, девет претстави, од кои две се надвор од конкуренција а една е во оф програмата. Содржината е збиена во девет фестивалски вечери. Имаме една специјално подготвена за затворањето на фестивалот една премиера исто така – најави Зоран Љутков претседател на Здружението ФАД Стоби, кое како делегирана надлежност од Општина Велес, ја има добиено организацијата на Фестивалот.
Тој се отвора в сабота се отвора со претставата ,,Медеја,, продукција на ФАД Стоби а уште една нивна претстава ќе биде во натпреварувачка конкуренција, тоа е ,,Жените во подземјето,,. Со нивна претстава именувана ,,Тесната, бесната и лесната,, ќе биде затворен фестивалот.
На програмата се ,,Парламентарки,, на охридски театар и ,,Антигона и Кронт,, премиера на Театар Цветко и Кино култура. Гостувањата од странство се од Театарот на Западен Казахстан со ,,Тројанки,, српската ,,Херостат,, на нишкиот театар и бугарската ,, Медеја , мајка ми,, на Сфумато театарот од Софија, кој пред две години гостуваше на Импакт фестивалот.
Во оф програма и надвор од конкуренција ќе биде прикажана ,,Животот е магичен круг,, на студентите во класата на Мето Јовановски, од трета година на ЕСРА. Новина е што годинава се воведува тркалезна маса, наречена ,,античка плоча,, каде учесниците, критичари и публиката ќе дебатираат за претставата, на која модератор е Сашо Димоски.
Годинава на фестивалот имаме претстави кои се правени по современи варијанти на антички текстови. Тоа се антички митови од стара Грција и ги реактуелизира во современоста и како тие функционираат во денешнината – рече Димоски.
Жирито годинава е во состав : Атила Клинче, Дејан Дамјановски и Катерина Коцевска, кои ќе одлучат за наградите ,,Афродита,, за најдобра претстава, режија, машка и женска улога. На прашањето дали е етички претстави во продукција на Фестивалот, да се дел од натпреварувачката конкуренција, за награди одговори Васил Зафирчев, дел од организациониот одбор.
Претставите се натпреварат естетички, не продукциски. И јас и колегата Љутков, како дел од организацијата, претходните години се имаме изземено кога со наши улоги, сме учествувале на фестивалот - рече Зафирчев. Фестивалот е финансиран со по 1,2 милиони денари од Општина Велес и од Министерството а култура. Билетите се по цена од 100 денари.
Tweet |