речник контакт

По 15-ти јуни, проверете дали добивте ваучер за домашен туризам, ако немате приход поголем од 15 илјади денари месечно

Нема потреба од аплицирање, велат од министерството за економија, списокот се подготвува од УЈП

Петар Печков

Платфрмата domasiedoma.gov.mk и pushimenevend.gov.mk преку која ќе се реализира мерката за ваучери за домашен туризам на Министерството за економија ќе биде оперативна во текот на следната недела.

Преку оваа платформа Министерството за економија ќе ги испрати ваучерите за домашен туризам на сите граѓани кои ги исполнуваат условите.

Ваучерот кој ќе содржи QR код ќе биде испратен по електронска пошта која што граѓаните ја имаат доставено до Управата за јавни приходи.

Мерката предвидува сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно да добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, но и платежна картичка од 3.000 денари која ќе може да ја користат во сите угостителски објекти во државата.

Ваучер ќе им биде доделен на сите вработени граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле вкупни нето приходи од плата и надоместоци од плата не поголеми од 60.000 денари според податоците од Управата за јавни приходи.

Списокот на граѓани кои што ги исполнуваат условите до Министерството за економија го испраќа Управата за јавни приходи, а и покрај тоа што ваучерите ќе им бидат испратени на граѓаните на електронска е-маил адреса која ја имаат доставено во УЈП, исто така граѓаните ќе може на Платформата да проверат дали се на листата односно дали ги исполнуваат условите за ваучер за домашен туризам.

На Плаформата која согласно роковите треба да биде пуштена во употреба најдоцна до 15 јуни граѓаните кои што добиле ваучер ќе можат да изберат каде, односно во кој туристички и угостителски капацитет низ државата ќе може да го употребат.

На Платформата ќе бидат објавени понудите на сите катагоризирани туристичко-угостителски објекти низ државата, односно капацитетите со кои располагаат за да примат туристи.

Граѓаните ваучерите за одмор во домашните туристички капацитети ќе можат да ги користат од 15 јули 2020 година до 15 декември 2020 година.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »