Петар Печков
Објавено: среда, 01 септември 2021
Започна новата учебна година, по пауза од 18 месеци мтаа е со физичко присуство на учениците во училиштата. Новата учебна година донесе и новини во образованието, дигитални учебници и нова концепција за прво и четврто одделение.
Министерката за образование Мила Царовска на почетокот од учебната година, од Велес порача дека сите ученици во земјава, основци и средно образование денес 1-ви септември, тргнале на училиште.
„Оваа учебна година наставниците ќе бидат во училница, почнуваме со физичко присуство. Подготвени сме за уште две сценарија, префрлање во хибриден систем како мината учебната година, дел од учениците во училница, дел онлајн. Ова учебна година ја почнуваме со нова концепција во прво и четврто одделение, наставниците се обучени. училиштата се опремени. Новата концепција два можност да го постигнеме квалитетот на образование на развиените земји. Ги воведовме и дигиталните учебници, за кои многу се зборуваше“ - кажа Царовска.
Таа посочи дека биле направени реформи и во стручното средно образование, што резултирало со шест проценти повисок број запишани ученици во техничките училишта и во дуалното образование.
ОУ Панко Брашнаров е едно од 265 училишта во земјава, кое министерката најави дека доби современо опремен кабинет за природни науки, за физика, хемија, билогија и географија.
Попладне Министерството за образование ќе направи пресек колку ученици присуствувале со физички присуство, колку онлајн. Министерката Царовска рече учениците од Тетово и Гостивар две седмици ќе посетуваат настава онлајн, а Кичево и Струга една седмица.
На првиот училиштен час на учениците од ОУ Панко Брашнаров во Велес присуствуваше и Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Скопје, која рече дека е радосна што децата тргнаа на училиште.
„Утрово видов прекрасни глетки и тоа е тоа, што го чекав 18 месеци. Се радуваме оти училиштето не е само место каде се добиваат знаења, туку и место каде се случуваат пријателство кои траат цел живот. Видов дечиња по училниците, радосни и среќни, носат маски, подготвени да учат. Училиштата беа подготвени, ги имаа почитувано препораките и протоколите на Министерството за здравство“ -рече Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во Скопје.
Tweet |