речник контакт

По 23 пат заплови Вардарската регата, годинава до Удово (фото)

Годинава 50 учесници, меѓу нив и двајца гости од Брчко, и по долго време и една девојка, пловат на седум чамци. Ќе се весла три дена а крајната цел е Удово

Петар Печков

Претпладнево по 23 пат запловија учесниците на „Вардарската регата“. Годинава 50 лица пловат на седум чамци. Ќе се весла три дена а крајната цел е Удово. Првата етапа  е попладнево базата на НАТО камп  ЗИМА 1, утре сабота  е до Демир Капија и третиот ден, недела до  Удово.

„И покрај високиот водостој , пловењето по Вардар е безбедно, имавме и проверка на дел од патеката по реката. Имаме голема брзина на движење  од 8 до 9 км/ ч што е брзо движење. Притоките Тополка, Бабун,а Брегалница и Црна имаат голем дотек на вода. Оваа регата треба да биде бренд како Шарпланински куп, Галичка свадба.  Целта на регатата е културно поврзување на општините кои се по течението ан реката, промоција на Вардар и сигнализација на еколошките проблеми кои се јавуваат по течението на реката“   - кажа Ангелче Гушев организатор на регатата. Годинава ќе се плови без гемијата, бидејќи  нивото на Вардар е големо.

Во регата  вклучени се ИО Димитар Влахов, ветерани учесници на регатите во нејзини почетоци, пожарникарите, членови на ОО на Црвен крст Велес, кајакари. Годинава има  и двајца гости од Брчко БиХ, кои имаат учество на регата во Шабац на Сава. Така таа има меѓународен карактер.  По неколку години има и една девојка, велешанка, Војневска Марија.  Учесник на сите 23 регати е Владо Стојановски.  

„Почнавме без ниту денар поддршка, но ја имавме од тогаш многуте моќни велешки фирми. Целта беше луѓето да се запознаат со Вардар и какви убавини реката  крие. Пловењето  е големо задоволство“ - рече Стојановски.

Вардарската регата е финансиски помогната од Општина Велес. Пред тргнувањето градоначалникот Марко Колев по традиција фрли венец во чест на споменот на велешките Гемиџии, Солунските атентатори. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »