речник контакт

По 30 денари за секој преглед бараат матичните доктори

Докторите од примарната заштита бараат и капитација од 65 денари од ФЗО

Петар Печков

Пациентот да плаќа манипулативен трошок за влез кај матичен од најмалку 30 денари и капитација од 65 денари од Фондот за здравство. Ова е барање на  Здружението на приватни лекари  кое го доставиле до Фондот за здравствено осигурување, но никако директорот на оваа институција да ги повика на средба. Ова било  со цел  примарното здравство да функционира како што треба.

Иако пред неколку години не беше прифатено воведување на партиципација кај матичен, од здружението со став дека се променила пазарната економија и со сегашните услови и трошоци што ги имаат, некои лекари ќе бидат принудени да ги затворат ординациите.  Голем дел од нив патувале десетици километри до работното место, а во помалите градови, пак, немаат доволен број на пациенти.

Трошоците за живот се зголемуваат и затоа ние бараме поголем бод и од сегашниот 55, барем капитацијата да биде 65 денари. Исто и за манипулативен трошок, мора да се водведе бидејќи пациенти доаѓаат, ќе земат приоритетен упат и нема да идат на лекар. Повторно ќе дојдат, повторно закажување, повторно принтање и сето тоа го одземна времето и на лекарот и на здравствените работници и затоа мора рационално да се троши и времето за работа и здравствениот денари - вели Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на  приватни  лекари на РМ

Дервишова вели дека матичните лекари немаат трошоци само за плати и потрошен материјал. Издвојувале пари и за кирија, софтвер, книговодител, фирмарина. Покрај зголемување на финансиите од надлежните бараат и намалување на казните кон примарното здравство како и зголемување на буџетите на приватните специјалисти кои работат со ФЗОМ.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »