Петар Печков
Објавено: вторник, 14 февруари 2023
За стотиот роденден, првиот претседавач на повеќе партиското собрание на Република Македонија, Никола Стојановски, беше примен од актуелниот претседател Талат Џафери. Тој му подари роденденска торта.
„Особена чест е денес да го пречекам првиот претседавач на првото повеќе партиско Собрание, Никола Стојановски и да го одбележиме заедно неговиот 100-ти роденден. На приемот со присутните сподели како работело Собранието во 1991 година и нѐ охрабри да продолжиме да работиме за напредокот на државата и идните генерации. Суштината на животот е дека постарата генерација се потпира дека младата генерација ќе стори подобро и поубаво од претходните генерации“- порача Џафери.
За потсетување дека при конституирањето на првиот повеќе партиски систем и Парламент во Македонија, на 8 јануари 1991, како највозрасен пратеник Никола Стојановски беше прв претседавач и ја водеше седницата се до изборот на Стојан Андов.
Случајно или не прв претседавач на првото заседание на АСНОМ во Проор Пчински на 2 август 1944, беше исто така велешанец, . Како највозрасен таму седницата ја водеше Панко Брашнар, се до изборот на Методија Андонов Ченто за претседател на Президумот на АСНОМ.
Tweet |