Петар Печков
Објавено: петок, 05 јуни 2015
Обвинетите Фахрудин Дурмишев (25 год) и Шахзибар Дурмишев (38 год) од Горно Јаболчиште, добија по 5 години и три месеци затвор за убиство во обид, кое се случи во Горно Јаболчиште на 15 август 2012-та година. Тие беа прогласени за виновни за две кривични дела, убиство во обид и предизвикување општа опасност за што им беше изречена единствена казна затвор од 5,3 години.
Тие беа обвинети дека на 15 август околу 19 часот во селото Горно Јаболчиште, се обиделе да го лишат од живот нивниот соселанец Ќемал Синанов. Според обвиненеието додека Дурмишеви се возеле на мотор, минале покрај куќата на Синанови, Фахрудин го прегазил со моторот преку нога Џемал, кој излегол од гаражата. Синот Кенан потрчал да му помогне но од пиштол Фахрудин испукал повеќе куршуми од кои Кенан се здобил со огнострелни повреди на раката, по што бил пренесен во Ургентен во Скопје.
Двете семејства биле во нарушени односи подолго време. Оштетениот Кенан Синанов директно ги посочи обвинетите дека пукале во него.
Излегов од гаража оти слушнав звук на мотори, го видов татко ми Џемал како лежи на земја прегазен од моторите преку нога, а Шахзибар и Фахрудин со пиштоли во рака пукаа во мене. Бев повреден во рака се онесвестив, се освестив во Болница- изјави пред судот Кенан Синанов.
Со слични сведочења беа и останатите од семејството Синанови, кои тврдеа дека ги виделе двајцата обвинети со пиштоли в рака како пукаат во куќата на Кенан, но не можеле да му помогнат оти стравувале да не бидат и тие погодени. Обвинети ги препознаа во судницата и рекоа дека избегале кон амбулантата. Обвинетите го негираат делото.
Тој ден не носев пиштол, ниту тогаш, ниту денес, и воопшто не сум држел пиштол. Купивме нов мотор и сакавме да се повозиме низ селото. Пред куќата на Синанови не чекаа 4 лица со стапови во раце, не пресретнаа и го удрија чичко ми Шехзабар со стап по глава, отидов да му помогнам оти тој беше на друг мотор, го удри Рамадан. Ме нападнаа и мене, се криев со раце, не знам кој пукаше, но јас не бев - изјави Фахрудин Дурмишев.
На прашањето од судот зошто се криел подолго време, тој одговори дека бил уплашен и бил во Тетово кај сестра му.
Второ обвинетиот Шехзибар Дурмишев изјави дека не се сеќава многу за настанот оти бил удрен од Рамадан со стап по глава и не знае што се случувало и тврди дека не носел пиштол.
Браниелот на обвиентите, Слободан Богоевиќ најави дека ќеја обжалат пресудата, оти немало никаков материјален доказ.
Имаме лошо водена полициска истрага, во која нема парафински ракавици, нема оштетување на фасадата на гаражата ниту на вратата врз која наводно е пукано, не е јасно чија е локвата крв на растојание од 18 метри од гаражата, не се земени отисоци, не е пронајдено оружјето, не е направена скица од настанот, не е направно вештачење на чаурите - рече Богоевиќ. Пресудата не е правосилна, адвокатите најавија жалби.
Tweet |