Петар Печков
Објавено: четврток, 03 февруари 2022
По 63 ново заразени и исто толку оздравени од ковид-19 во велешко, изминатите 24 часа, регистрираше Министерството за здравство. Бројот на активни случаи останува непроменет, како и вчера 292.
Институтот за јавно здравје во починатите вброи еден велешанец на 59 годишна возраст, кој бил на лекување во скопските клиники а позитивенна ковид-19. Тој е 295 починат од последиците на заразата со корона вирусот во велшко.
Вкупно хоспитализирани во трите ковид одделенија од велешка Болница се 66 пациенти, четири повеќе од вчера. Hа Инфективно се згрижени 48, на Интерно и на Физикално по деветмина. Потврдено позитивни се 52, непотврдени се шест и негативни се осум но со потреба од болничка нега.
„Ново примени се четворица, а испишан е еден пациент со еден негативен тест. На кислородна поддршка се 24 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.
На Инфективно одделение има 13 и на Физикално 15 слободни кревети.
Tweet |