речник контакт

По Вардар пловат мртви крави

Велешани од Мало мовче имаа несекојдневна глетка, мртва крава пловеше по Вардар. Рибарите од кејот велат не е прв пат

Петар Печков

Велешани денес беа сведоци на несекојдневна глета. Мртва крава пловеше по реката Вардар, за да потоа се закачи на  колтуците, кои ги прават рибарите за полесно ловење.  Тие се тврдат сведоци на чести вакви глетки, кога Вардар носи мрши, за што многу пати алармирале, сопствениците на фармите мртвите животни да ги фрлаат в река.

Наместо птици, во реката пловат мртви животни. Не е прв пат Вардар да носи мртво животно, било да е свиња што е почеста глетка додека поретка е вака мртва  крава. Бидејќи нивото на реката не е многу високо, оваа мрша од крава е фрлена од близина на градот. За жал колку пати сме реагирале, дека сопствениците на фармите во Вардар фрлаат мртви свињи, никој не ни верува. Ама еве сега пола Велес е сведок дека  такво нешто се случува. Овој пат не е свиња туку крава од неколку стотина килограми. Таа не може да е удавен оти Вардар за овој период е плиток  – велат велешките рибари, кои на блискиот кеј фаќаат риба.

Тие ги повикаа надлежните инспекции да ја запрат оваа појава, која често се случува, мртвите животни наместо во јама, се фрлаат во Вардар.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »