речник контакт

По враќање од чување на стадо овци, сопственикот го пријавил овчарот во полиција, фалеле 40 грла овци

Причинета е материјална штета од половина милион денари

Петар Печков

Му дал на чување стадо овци, по три дена кога ги добил назад фалеле 40 овци. Ова е настан регистриран во билтенот на велешката полиција. 

,„На 27 април во 15:30 часот во СВР Велес, 24-годишно лице од велешко пријавил дека на 24 април  му доверил овци на чување на лице од Неготино, а откако му ги вратил забележал дека му недостасуваат 40 грла овци,“ – соопштија од СВР Велес.

Со ова на сопственикот на стадото пријавил дека му била причинета материјална штета од околу 500.000 денари. Полицијата  работи на расчистување на случајот.

фото интернет

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »