Петар Печков
Објавено: вторник, 17 февруари 2026
По втор пат се одржа меморијалната планинска тура „Живко Ѓорѓиев – Старото“, посветена на споменот на велешанецот, кој беше голем спортист рекреативец планинар и велосипедист . Турата се одржа неделата кон врвот Стара Мусица 1.788 м.н.в., Крушево.
„Се собравме заедно за да ја изодиме патеката која тој толку многу ја сакаше и да го продолжиме неговиот дух на другарство, солидарност и љубов кон планината“ – соопшти организаторот „Убај деца“.
Тргнувањето беше од споменикот „Слива“ над Крушево, се пешачеше 6 часа по снежни услови, патеката беше во должина од 12 км. а учествуваа околу стотина рекреативци.
Учествуваа П.Д. „Гемиџии“ – Велес, КП „Зрењанин“ – Зрењанин, ПД „Нафташ“ – Нови Сад (двете од Војводина), ПД „Бигла“ – Демир Хисар, СПЕД „Клепа“ – Росоман, ЗПЗП „Козјак 2013“ – Куманово, , ПСК „Осогово“ – Кочани, ЗПК „Серта“ – Неготино.
фото ФБ Убај деца
| Tweet |













