речник контакт

По втор пат потврдена доживотната казна затвор за убиецот на велешаните во Биг Фиш

Тони Денковски и во второто судење, потврдено од Апелација доби доживотен затвор за убиството на Јорданов и Андреев

Петар Печков

Скопскиот Апелационен суд ја потврди казната доживотен затвор за скопјанецот Тони Денковски, обвинет за тројното убиство во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во Скопје. Ова е втора идентична одлука која Апелациониот суд во Скопје ја носи за истото дело, откако таква одлука беше донесена во јули 2011 година.

Во обемната пресуда второстепениот суд ги потврди наодите кои пред само неколку месеци беа наведени и во пресудата што ја донесе скопскиот кривичен суд.  Денковски останува в затвор, бидејќи повеќе не постојат никакви можности тој да се брани од слобода.

Кон крајот на минатиот октомври, а пред изрекувањето на првостепената пресуда, малку недостасуваше Тони Денковски да се најде на слобода, бидејќи од денот на поднесување на обвинение против него минаа две години, а пресуда не беше донесена. Обвинителството, а потоа и судот, остана на став дека Денковски дел од казната ја издржувал во притвор, а дел како лице кое издржува затворска казна и затоа не може целото време да му се пресметува како притворска мерка.

Настанот за кој Тони Денковски повторно е осуден на максимална затворска казна се случи на втори септември 2010 година. Тој од автоматска пушка „калашников“, во рибниот ресторан „Биг Фиш“ во скопската населба Аеродром, со три кратки рафали ги усмрти велешаните Јордан Јорданов со прекар Р’кулот и Влатко Андреевски, како и полицискиот инспектор Владо Милошев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »