Петар Печков
Објавено: четврток, 22 јули 2021
По година и половина пауза, машините се вратија делницата од експресниот пат Градско - Прилеп. Градежниците од компанијата „Штрабак“ деновиве ги продолжија работите на делницата Градско - Дреново, кои претходно беа оставени од италијанскиот изведувач „Тиренаскави“ а делницата Дреново -Фариш од шпаснкиот „Рубау“. Таму ќе гради кинески „Синохидро“.
Деновиве изведувачот „Штрабак “ работи на клучката и надвозникот кај Градско. Рокот на изведба е две годни а Министерот за транспорт Благој Бочварски оптимистички најавува дека патот ќе биде готов за пократок период.
„За две години отсега, граѓаните ќе се возат по брз, модерен и бездеен експресен пат кон Прилеп. Знаеме колку е потребен на граѓаните заради побрза комуникација, заради поголем безбедност, заради развој на економијата.. Правиме се да го финишираме пред рокот“ - рече Бочварски.
По заминувањето на претходните изведувачи и на двете делници од Градско до Дреново и Дреново - Фариш, 35 отсто од работите биле завршени. Инвестицијата е 25 милиони евра, од нив 21,75 се од ИПА фондовите а остатокот од републичкиот Буџет. Експресниот пат е со должина од 15,5 км, предвидени се пет вијадукти и мостови, по четири натпатници и потпатници, и две клучки кај Градско и Росоман.
Новиот пат ќе биде широк 12 мети, со две ленти за возење и две за застанување. Дневно делницата Градско - Прилеп ја минуваат во просек по шест илјади возила, од различни категории.
Tweet |