Петар Печков
Објавено: вторник, 21 септември 2021
Билтенот на министерството за здравство за изминати 24 часа, вброи и 20 нови случаи од велешко позитивни на ковид-19 и исто толку оздравени. Со ова бројката на активни случаи останува на 284 лица.
Во велешка Болница до пладне имаше 62 згрижени пациенти, од нив 38 на Инфективно, 19 во Модуларната болница и петмина на Интерно одделение. Од вкупниот број 48 се позитивни, 8 се негативни но се на кислородна поддршка и шест случаи се сомнителни.
На кислородна поддршка се 27 пациенти.Како излекувани денес со по еден негативен тест се испуштни пет пациетни.
Од згрижените пациенти во Инфективно и во Мудуларната болница 33 се невакцинирани а 22 се вакцинирани, од нив 10 со две дози и 12 со една доза вакцина.
Од пациентите кои се хоспитализирани 21 е од Велес, 16 се од Свети Николе и девет се од Јаболчишта. Останатите се со по еднен пациент од помали населени места и од велешко и од Овчеполието.
Tweet |