Петар Печков
Објавено: четврток, 30 декември 2021
По девет оздравени и исто толку нови случаи со ковид-19, регистрираше во велешко, Министерството за здравство. Ова се податоците кои ги објави Министерството за здравство, од билтенот за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи сe искачи на 142 случаи. Починати нема.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 20 пациенти, тројца помалку од вчера. Од нив потврдени позитивни со ПЦР тест се девет, исто толку се негативни но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита непотврдени се двајца пациенти.
„ Изминатите 24 часа има по двајца испишани и исто толку ново примени пациенти. На континуирана кислородна поддршка се 12 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение се згрижени 14 пациенти, а на Интерното одделение се шест пациенти.
Tweet |