речник контакт

По деветти пат, годинава најмасовно, се одржа Февруарскиот поход (фото)

Учествуваа 174 учесници од седум градови

Петар Печков

Саботата по деветти пат се одржа  традиционалниот    планинарски марш  „Февруарски поход 2020“. На него учествуваа рекордни 174 учесници од повеќе планинарски клубови од Велес, Скопје, Куманово, Битола, Прилеп, Штип, Тетово. Тие по убаво и сончево време пешачеа 15 км. по маркирана патека.  Маршот започна од железничката станица во село Гостиражни, преку планинарскиот дом на ПД „Китка“во село Стровија, превојот над богомилскиот тунел каде се воделе најжестоките борби на Февруарскиот поход 1944-та,  за на крајто до целта, до  Богомила.

Учеството на вакви манифестации е симбол на единство, сплотеност со природата, одвикнување од лошите пороци на денешнината и продолжување на традицијата. Посветеноста на СПД „Зелен рај“ и добрата организација придонесе овој марш да го привлече вниманието на многу голем број на учесници од најразлична возраст, од искусни планинари, од почетници, до обични вљубеници во природата со што оваа манифестација се вброи во успешните планинарски приказни во Македонија - кажа Зоран Игновски претседател на СПД  Зелен рај, кој годинава одбележува 15 години од постоењето. 

Како и до сега главен помагател  на манифестацијата беше Општина Чашка а организаторот се заблагодарува  и на Сојузот на пензионери од Велес за отстапениот Рекреативно - пензионерски  дом во Богомила.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »