Петар Печков
Објавено: четврток, 01 ноември 2018
После десет месеци висок водостој, изминатиот октомври нивото на реката Вардар низ Велес имаше променливи вредности. Првата половина од месецот беше со под просечни вредности, додека втората имаше поголемо ниво од просекот за октомври. Или 15 дена беше под вредноста од 52 цм а 16 дена над неа.
Така нивото ниво кое беше континуирано присутно од месец декември минатата година, па до септември, заврши. Секако за ова влијаеше сушниот период, три месеци без посериозни врнежи.
Најдобра илустрација е нивното на реката Дунав низ Хрватска и Србија, каде е толку низок што забранет за сообраќај. Просекот за месец ноември за реката Вардар низ Велес е 76 цм. Управта за хидро-метеорологија вредностите ги мери во 7,30 ч. наутро.
Tweet |