речник контакт

По десет нови случаи со ковид-19 и исто толку оздравени во велешко

Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 11 пациенти, двајца помалку од вчера

Петар Печков


Во велешко изминатите 24 часа има регистрирано по десет  нови случаи, и исто толку  а оздравени пациенти. Активни случаи во велешко има 69 лица.  Со оваа бројка Велес е шести  на листа во земја, по Скопје, Прилеп,Битола, Кавадарци и Куманово.Починати лица од последиците на ковид пандемијата  нема.

 
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени  се  11 пациенти,  двајца помалку од  вчера. Hа Инфективно  се хоспитализирани пет, на  Интерно  шестмина. Ново примен нема а испишан е еден.

„Потврдено позитивни се тројца, непотврдени нема и осуммина  се негативни, но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка се седум пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »