Петар Печков
Објавено: петок, 14 јуни 2024
Ултра маратонците истрчаа од Велес до Лопушник 160 км за четири дена. На овој начин му оддадоа почит на револуционерот и поетот Коста Солев Рацин. Тие во текот на вчерашниот ден, 13 јуни, денот на погибјето на Рацин, пристигнаа на Лопушник. Велешаните Зоран Димов, Трајче Михов, Верољуб Додевски, кумановецот Љубиша Андреиќ и скопјанецот Томе Спасовски, тргнаа понеделникот наутро за да вчера., четврток стигнат на местото каде поетот и револуционер е смртно застрелан.
„Секој на свој начин може да оддаде почит на безвременскиот Рацин. Ние го сторивме тоа со овој ултрамаратон. Беше исклучително тешко, посебно првиот ден кога трчавме до Богомила. Имаше висока точка која требаше да ја искачиме со трчање, на овие пеколни температури. Времето не беше на наша страна, но издржавме“ – кажа Трајче Михов.
Втората вечер преноќиле во Македонски Брод, третата во манастирот Св. Богородица Пречиста – кичевско, познат уште како Крнински манастир. За овие четири дена тие трчале по сонце и високи температури, запурнина, но сепак ги минале сите препреки и стигнале до посакуваната цел, местото каде Рацин е застрелан на Лопушник.
фото ФБ /Општина Велес
Tweet |