Петар Печков
Објавено: петок, 20 ноември 2015
Железничкиот сообраќај од и кон Битола вечерва повторно е воспоставен. Од ЈП Македонски железници Инфраструктура информираа дека е минирана големата карпа која претставуваше опасност за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.
Во меѓувреме биле отстранети и три илјади метри кубни земја, кои се срушиле по минирањето. Вечерва од железничка Скопје тргна и првиот воз кон Битола.
Прекинот на пругата Велес - Богомила се случи на 22 октомври, во попладневните часови, околу 15 часот, кога големи камени блокови паднаа на железничката пруга. Среќна околност е што ова било регистрирано пред да мине воз на релацијата Мартолци - Стари Град, каде се случи одронот.
Тој по две седмици беше отстранет, но имаше карпи кои се надвиснуваа над пругата и тие беа закана по безбедноста. Таа деновиве била минирана, камењата отстранети и од вечерва железничкиот сообраќај, по месец дена кон Битола е нормализиран.
Tweet |