Петар Печков
Објавено: вторник, 11 јуни 2019
Неделата напладне по кратка расправија но и меѓусебни удари, дедо прободел со нож внук. МВР со информации за овој инцидент.
Околу 15.20 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8-ма Велешка Бригада“, во дворот од неговата куќа, А.Р.(75) со нож му нанел повреда на внукот А.В.(28) од Велес. А.Р бил приведен во полициска станица - соопштија од МВР.
Од ЈЗУ Општа Болница Велес пак информира дека кај нив дошол пациентот А.Б. кај кого била констатирана расеченица од 4 цм. во пределот на главата и се водела како телесна повреда, не била од сериозен карактер, па лицето било пуштено дома. Подоцна дошил и А.Р. кој се жалел на повреди на раката нанесени од удар од стап а докторот констатирал контузија на рака, па и тој бил пуштен дома.
Саботата напладне, жител на село Бузалково физички нападнал полицаец, кој бил на служба.
Околу 11,30 часот на локалниот пат Велес- село Бузалково на влезот од селото И.А.(42) физички нападнал полициски службеник при вршење службени дејства - пишува во соопштението на МВР.
По документирање на случаите против сторителите СВР Велес ќе поднесе соодветен поднесок.
Tweet |