Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 јануари 2021
Цената на водата за пиење за домаќинствата ќе поскапи годинава и следната а ќе се намали цената на канализацијата а во 2023-та цената на водата ќе поевтини. Кај правните лица, фирмите цената на водата ќе се намалува, сите следни три години. Таква одлука донесе Советот на Општина Велес со мнозинство гласови, на последната седница.
Така од следниот месец, според пресметките на ЈКП Дервен,месечната сметката ќе биде зголемена за 0,65 денари по кубик, или месечно едно семејство со просечна потрошувачка од 12 м3 ќе плаќа повисок износ од 8,2 денари, за една година 98,3 денари. Директорот на ЈКП Дерен објасни дека ова е законска обврска.
Регуларна комисија согласно Правилникот, до ЈКП Дервен испрати решение за утврдување на тарифата на цената на водат за пиење. Ние сме должни тоа да го почитуваме. Тренд е во Европа цените водата на физичките на правните лица да се изедначуваат - рече Тони Јовиќ, директор на ЈКП Дервен.
Оваа одлука предизвика полемики кај советниците.
И минатиот мандат, ЈКП Дерен имаше обврска да ја покажува цената на водата, но тогашниот градоначалник им кажа да си бараат начин, од внатрешни резерви, цената да остане иста, да не се качува - рече Ангел Димов, советник од опозициска ВМРО-ДПМННЕ.
Зоран Ѓуровски од партијата „Обединети за Македонија“ а дел од владејачката коалиција на СДСМ образложи дека цената на водата во Велес не е меѓу најскапите во земјава.
Анализирајќи ги цените на водата за пиење, покажува дека Велес со градови слични по број на жители, има пониска цена, оти граѓаните на Струмица, Куманово, Кочани плаќаат дополнително по метар кубен за прочистување на отпадни води. Кај нас во Велес тоа го нема и затоа цената кај потрошувачите е пониска. Не е популарно кога цената се покачува, но Битола и Штип имаат далеку повисока цена на водата за пиење од Велес - рече Ѓуровски.
Без оглед колкаво е покачувањето, минимално како што велите, но месец за месец за една година сумата е голема. Секогаш кога СДСМ е на власт, цените на услугите на ЈКП Дерен се покачуваат. Граѓаните изминатите две години добија покачување на цената на јавната чистота, на јавното зеленило. Трошоците на работа на ЈКП Дервен треба да се намалат, за да Регулаторна комисија има други податоци, по кој ќе одлучува за цената на водата во Велес и нема да бара толкаво покачување. ЈКП Дерен има голема загуба на вода, 48 отсто, таа мора да се покрие. За одредени услуги мора да се користи техничка вода, не таа за пиење. Со неа се мијат улиците, се полева јавното зеленило - рече Петре Саздов, советник од ВМРО -ДПМНЕ.
На ова реплицираше градоначалникот Аце Коцевски, кој рече дека не може да прима критики од партија, која расипнички се однесувала во претходен мандат. Потсети дека иако тие претходно имале обврска да ги покачат цените на јавната чистота и јавното зеленило, тоа не било сторено.
Кога дојдов на оваа позиција, го наследивме ЈКП Дерен со долг од 1,5 милиони евра, неплатени обврски и фактури од Општина Велес. Комуналното претпријатие неколку години работел на вересија, го одржувал јавното зеленило, го собирал сметот, без општината да плати ниту денар, што е неодговорно. Механизацијата беше во очајно лоша состојба, па баравме камиони од соседните градови да го собираме сметот - кажа Коцевски.
Tweet |