речник контакт

По патишта во велешко вчера некои возачи возеле и до 50 км побрзо од дозволеното

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, вторник 31 мај,   сообраќајната полиција спровеле акциска контрола, за тоа дали и колку се вози брзо во патиштата во велешко.

„На територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 35 возачи. Од нив три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци“ - соопштија од МВР.

Најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и  да се придонесе за посигурни патишта.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »