речник контакт

По пауза од две години на локалитетот Стоби се одржа летна школа за конзервација

Ја посетуваа студенти од Мексико, САД, Велика Британија, Канада, Италија

Петар Печков

Десетмината посетители на меѓународната работилница за керамика, стакло и конзервација на мозаика, завршија со нивните работни активности и  замина дома. Заврши летната школа која се одржа во локалитетот Стоби и ја посетуваа студенти од Мексико, САД, Велика Британија, Канада, Италија. 

Таа беше 10-та по ред и се организираше по две години пауза, поради ковид пандемијата. Организатори беа Националната установа „Стоби“ и Фондацијата Балканско наследство проектот се реализира од 2010-та година.

„Посетители се  студенти но и љубители и проучувачи на археологијата и конзервацијата. Тие се пријавуваат и земаат учество на оваа меѓународна работилница. Најголема корист од ова има археолошкиот локалитет Стоби и на тој начин ги поддржуваме неговите тековни активности“ - вели  Ангелина Пенчева од Фондацијата Балканско наследство со седиште во Бугарија, која го реализира овој проект.  

Во периодот додека престојуваа во локалитетот „Стоби“, посетителите конзервираа 12 керамички  и четири  стаклени садови а  завршија и превентивната конзервација на мозаикот во Куќата на Партениј. Кристен Џоунс е  докторанд на Квинс Универзитетот од Канада, која во   Стоби  доаѓа од 2015 година и работи на изработка на потребната документација за конзерваторски и истражувачки проекти.

„Моето прво искуство во Стоби беше како дел од меѓународната археолошка школа во 2015, заедно со мојот ментор од Квинс универзитетот, д-р Џорџ Беван. Работевме на изработка на фото документација и препознавање  на локалитетот. Од тогаш сум вклучена во многу проекти кои што се реализираат во Стоби и се враќам овде да продолжам со тековната работа и да помогнам на било каков начин во археолошките истражувања и конзерваторските проекти“ - кажа Џоунс.

Учесниците на оваа меѓународна летна школа  престојуваа еден месец на локалитетот и на лице место го учеа тајните за реставрација на керамиката, како и основните техниките на конзервација и реставрација. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »