речник контакт

По пет години затвор за обвинетите за пожарот на езеро Младост и парична казна за правното лице

Адвокатите на обвинетите најавија жалба на пресудата. Оштетените се препраќаат на граѓански спор. Штетата од пожарот пријавена од државен правобранител за подрачје на Велес е 97.262.205 денари а според вештак на одбраната е 6.348.949 денари

Петар Печков

По пет години затвор добија обвинетите за пожарот на езеро Младост,  кој се случи на 26 август 2019 година.

Во Основен суд Велес  попладневно беше соопштена одлуката со која се прогласуваат за виновни Тасе Илиевски (61), Марјан Ангелов (58) и фирмата „Реал градба“ кои беа обвинети за кривичното дело  Тешки дела против општата сигурност.

Правното лице Реал градба е осудено на парична казна од 300.000 денари.

Според  обвинението не биле почитувани законите, прописите и техничките правила за заштита при работа. Адвокатите на обвинетите најавија жалба на пресудата. Оштетените се препраќаат на граѓански спор.

Изречената затворска казна од пет години е максимална предвидена, за делото за кое обвинетите се гонеа. 

Завршните зборови од случајот, можете да ги прочитате на следниот линк 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »